Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.535 тестови, а регистрирани се 328 нови случаи на КОВИД-19 во:
Скопје – 179, Прилеп – 21, Битола и Кавадарци – по 17, Куманово и Велес – по 10, Охрид и Кичево – по 9, Ресен – 7, Штип – 6, Гостивар, Струга и Радовиш – по 5, Гевгелија и Валандово – по 4, Тетово и Кочани – по 3, Струмица, Неготино и Свети Николе – по 2, Крива Паланка, Дебар, Берово, Виница ,Пробиштип ,Богданци, Кратово и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (328), регистрирани се 65 реинфекциии.
Регистрирани сe 237 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Битола – 14, Прилеп – 13, Кавадарци – 12, Куманово и Велес – по 10, Тетово – 8, Охрид и Кичево – по 5, Ресен, Гевгелија, Кочани, Неготино и Дебар – по 3, Штип, Гостивар, Крива Паланка, Виница и Богданци – по 2, Радовиш, Валандово, Струмица и Кратово – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 1.928.498 тестирања на КОВИД-19.