Последните податоци на Агенцијата за азил при Европската унија покажуваат дека лани вкупно 11.200 лица од Албанија поднеле барање за азил во земјите на Европската унија (ЕУ), од кои 77 отсто првпат поднеле барање.
Северна Македонија е втора на листата по Албанија со околу 5.000 барања за азил. Следува Србија со 3.200, Босна и Херцеговина со 2.500, Косово со 2.300 и Црна Гора со помалку од 500.
Дури и според бројот на жители, Албанија го држи рекордот со 3,9 барања на 1.000 жители, пренесува „Косово онлајн“ пишувањата на албанскиот портал „Balkanweb“.
Податоците на Евростат покажуваат дека во споредба со претходната година, кога движењето беше ограничено поради пандемијата, барањата за азил се зголемени за 19%, но тие се уште се најниски од 2013 година.
Рекорден број на барања за азил имало во 2015 година, 69.000.