Честитки за пензионерите! Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, се изгласа во Собранието, напиша премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук.
-Речиси 330.000 пензионери ќе имаат историски највисоки пензии и во просек во домашниот буџет ќе имаат околу 12.000 денари повеќе на крајот на годината.Воедно, со финансиска поддршка обезбедена за наредните 3 месеци, пензионерите ќе имаат и дополнителни 3000 денари за справување со последиците од кризата.Ветувањата кои ги дадовме, брзо и ефикасно ги остваруваме. Грижата за животниот стандард и квалитетот на живот, ни е приоритет.Честитки уште еднаш и на пензионерите им посакувам здравје и среќни и радосни денови со новите повисоки пензии, напиша Ковачевски.