Нов гаф на Бајден, ја нарече Харис „прва дама на САД“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
244 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден повторно имаше гаф кој предизвика смеа на настанот „Ден на еднакви плати“ во САД, кога ја нарече американската потпретседателка Камала Харис прва дама на САД.

Претседателот направи грешка кога рече дека потпретседателката нема да присуствува на настанот, бидејќи нејзиниот сопруг Даг Емхоф е позитивен на коронавирус.

„Има мала промена во договорот за тоа кој е на сцената, бидејќи сопругот на првата дама е заразен со коронавирус“, рече Бајден, не сфаќајќи дека погрешил.

Дури откако некој од присутните истакна дека неговата изјава значи дека тој е заразен со корона, Бајден се поправи.

Присутните се смееја, додека Бајден продолжи да се шегува на тоа.

„Точно, таа е добро“, рече тој, покажувајќи ја неговата сопруга Џил Бајден, која исто така беше на настанот.

„Втората дама и првиот господин, што велите на тоа?“, кажа Бајден.

Тој додаде: „Јас сум Џо Бајден. Јас сум сопруг на Џил Бајден и горд сум на тоа“.

Американскиот претседател тогаш повика на еднакви плати за жените и потпиша наредба за „Ден на еднакви плати“ со кој се охрабрува владата да размисли за забрана на барање информации за претходните плати на кандидатите за работа.

Белата куќа потврди дека Даг Емхоф, сопругот на потпретседателката Камала Харис, е позитивен на коронавирус. Харис, која требаше да присуствува на овој настан со Бајден, беше негативна на тестот за корона.

Слични содржини