Вучиќ за спотот во кој излегува од фрижидер: Само уште од рерна да излезам

од Nikola Popovski

За време на неговото претставување како кандидат за претседател, Александар Вучиќ го коментираше предизборниот спот во кој излегува од фрижидер и рече дека треба „само уште да излезе од рерна“.

На крајот од неговото гостување на емисија на ТВ Пинк беа спомнати спотовите на партијата СНС.

„Само уште од рерна“, кратко прокоментира Вучиќ.

Вучиќ во гостувањето на емисијата рече дека нафтените деривати во Србија нема да поскапат, туку дека ќе поевтинат.

„Денес нема да поскапат нафтените деривати, напротив поевтинуваат: дизелот за 0,42 динари, а бензините за 0,24 динари, и така ќе биде и следната недела“, рече Вучиќ и додаде:

„Разговаравме со европските партнери, испративме експертски тим во Брисел да видиме како да го снабдиме пазарот со нафта и нафтени деривати. Разговаравме и со рускиte партнери“, информира српскиот претседател.

Слични содржини