Руската државна телевизија неочекувано го прекина преносот на говорот на рускиот претседател Владимир Путин на митингот по повод осмата годишнина од руската анексија на Крим што се одржува денеска на стадионот „Лужники“ во Москва и продолжи да емитува снимки од публиката како пее руски патриотски песни.
Руската телевизија на тој начин го прекина говорот на Путин на половина реченица.
Во своето обраќање Путин ја поздрави руската „специјална операција“ во Украина, тврдејќи дека нејзината цел е да се спаси локалното население „од страдање и геноцид“.
„Русија напред“, им порача тој на насобраните.
Then just random footage of people chanting pic.twitter.com/6jj4lD58bq
— max seddon (@maxseddon) March 18, 2022
Концертот на стадионот беше организиран по повод одбележувањето на годишнината од анексијата на Крим. Стадионот е преплавен со руски знамиња, но и со оние со буквата „З“ што стана симбол на инвазијата.