Бајден до Си: Кина ќе се соочи со последици доколку ја поддржи Русија

од Nikola Popovski
243 прегледи

Објавени се деталите за пораките што американскиот претседател Џо Бајден ги испрати до кинескиот колега Си Џинпинг во разговорот преку видео-врска во петокот.

Бајден го информирал Си за „импликациите и последиците“ доколку Пекинг ѝ обезбеди материјална поддршка на Русија за време на нападите врз украинските градови и цивилите, соопшти Белата куќа. Белата куќа преку соопштение информира дека телефонскиот разговор меѓу кинеските и американските лидери бил фокусиран на руската инвазија на Украина, пренесува британски „Guardian“.

„Претседателот Бајден ги изнесе ставовите на САД и нашите сојузници и партнери за оваа криза. Претседателот Бајден детално ги опиша нашите напори да ја спречиме и потоа да одговориме на инвазијата, вклучително и воведувањето санкции кон Русија. Тој ги опиша импликациите и последиците од обезбедувањето на Кина материјална поддршка за Русија додека извршува брутални напади врз украинските градови и цивили. Претседателот ја изрази својата поддршка за дипломатско решение на кризата“, стои во соопштението.

Американскиот претседател изјави за Си-Ен-Ен дека неговиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг во петокот „поминал добро“. Белата куќа додаде дека двајцата лидери „исто така се согласиле за важноста од одржување на отворени линии на комуникација“.

Во претходното соопштение на кинеското Министерство за надворешни работи се вели дека Си му рекол на Бајден дека судирите и конфликтите не се во ничиј интерес.

Слични содржини