562
Според француските медиуми, се поизвесна е разделбата на Нејмар и ПСЖ, а Бразилецот кариерата би можел да ја продолжи во Њукасл. Богатите Саудијци се сериозно „загреани“ за Бразилецот и подготвени се да започнат преговори за неговото доаѓање во Премиер лигата.
Наводно, челниците на Њукасл се подготвени на „светците“ да им понудат „баснословна сума“, со што Нејмар би станал најплатен фудбалер во светот.
Да потсетиме, има тотален колапс на системот во ПСЖ по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и дека повеќето нивни ѕвезди на лето ќе си заминат од „Паркот на принцовите“.
Речиси е сигурно дека клубот ќе го напуштат тренерот Маурисио Почетино и Килијан Мбапе, а се поизвесно е и заминувањето на Меси кој не се прилагоди на тимот.