ЕУ: Русија продолжува да извршува киднапирања во Украина

од Vladimir Zorba
186 прегледи

ЕУ изрази загриженост за исчезнувањето на украинските хуманитарци, активисти и новинари и ја обвини Русија дека продолжува со „тажната тактика“ на киднапирање на претставници на општинските, регионалните и градските администрации од окупираните делови на Украина.

„Списокот на незаконски приведени граѓани на Украина е многу подолг и секој ден се зголемува. ЕУ го нотира ослободувањето на претходно киднапираниот градоначалник на Мелитипол, Иван Федоров, и градоначалникот на Велико Бурлут, Виктор Терешченко и бара итно ослободување на сите украински граѓани кои биле незаконски приведени од руските окупаторски сили“, рече портпаролот на ЕУ во изјава.

ЕУ ја повикува Русија веднаш и безусловно да ја прекине воената акција и да ги повлече сите сили и воена опрема од целата територија на Украина, во согласност со пресудата на Меѓународниот суд на правдата од 16 март, како и веднаш да воспостави непречен хуманитарен пристап до Украина.