Дербито на дното во Серија „А“ меѓу Венеција и Сампдорија ќе остане запаметено по нереалните сцени пред крајот на натпреварот, кога тренерот на домаќините Паоло Занети го фати за врат својот играч Томас Анри!
Италијанските медиуми пишуваат дека Занети најверојатно ќе биде суспендиран бидејќи камерата снимила се, а причина за ваквото однесување на тренерот е вториот жолт картон кој неговиот играч го доби во 86. минута.
Zanetti aiuto pic.twitter.com/jDv93hAS6q
— Salva (@saIva___) March 20, 2022
Анри го доби првиот жолт картон за прекршок при крајот на првото полувреме, а судијата неколку пати го опомена дека е „на тенок мраз“ бидејќи постојано се жали. Дури и самиот му пријде на Занети да му каже каква е ситуацијата и да го смири својот играч.
Сампдорија го доби овој натпревар благодарение на двојниот стрелец Франческо Капуто, кој ја погоди мрежата во 24. и 38. минута и и побегна на Венеција, прв тим под линијата, со седум поени.