Најмалку шест лица загинаа во ноќен бомбашки напад во трговски центар во украинската престолнина Киев, пренесе АФП.
Шест тела беа положени пред трговскиот центар Ретровил во северозападната област Подилски, соопшти агенцијата.
Десеткатницата била погодена од силна експлозија која уништила возила на нејзиниот паркинг и оставила дупка широка неколку метри.
Чад над трговскиот беше видлив и во понеделник наутро. Уништена е целата јужна страна на зградата, како и фитнес центарот на паркингот.
Украинската државна служба за итни случаи извести дека добила повик во 22.48 часот дека избувнал пожар во неколку станови и катови во трговскиот центар, наведувајќи дека „непријателското гранатирање“ предизвикало пожари на неколку ката и запалило неколку автомобили.