Церемонијата на „Оскар“ во недела ќе вклучи специјално учество на голем број ѕвездени изведувачи, објави UPI, цитирајќи ги продуцентите Вил Пакер и Шејла Кауан.
Настанот за водечките награди во кинематографијата ќе се емитува од „Театарот Долби“ на ABC на 27 март.
Музичкиот директор на галата, Адам Блекстоун, тапанарот на Blink-182, Тревис Баркер, перкусионистката и пејачка Шејла И. и пијанистот Роберт Гласпер ќе се претстават со настапи во живо. За музичката забава на гостите ќе се погрижат и диџеј Де Нис, оркестар во живо и вокалната група „Семплс“.
Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс ќе бидат домаќини на церемонијата.
„Моќта на кучето“ на стриминг платформата „Нетфликс“ води во номинациите за Оскар со 12 на број, вклучително и за најдобар филм.