Најпогодени во оваа енергетска криза се најмалите општини. Доколку тие се нефункционални и граѓаните нема да ги добијат услугите, истакна скопската градоначалничка, Данела Арсовска, додавајќи дека општините може да останат без струја
Таа напомена дека по три месеци добиле одговор од Владата дека ќе има средба со заедницата на општини на која ќе се разговара за проблемите со виоските сметки за електрична енергија кои ги имаат локалните самоуправи.
– Три месеци не ни беше одговорено од Владата, а последната информација побарана пред 10 дена е дека помеѓу денес и 24 март ќе ни испорача термин кога ќе може да се разговара, одговори Арсовска на новинарско прашање.