Кризата со ковид-19 се уште не е надмината и ги повикуваме сите граѓани да пристапат кон вакциналните пунктови. Им се заглагодарувам на сите здравствени работници кои не поддржуваат во оваа акција и на сите матични лекари кои ја поддржаа нашата иницијатива со поканување на нивните пациенти кои се во ризична група, изјави министерот за здравство Беким Сали, во Шуто Оризари од каде започна караванот за вакцинација против ковид-19.
Тој посочи дека посакува да се ослободиме од маските, меѓутоа, како што додаде, реалната состојба не го вели тоа.
– Секој ден има од 250 до 300 новоинфицирани што значи се уште не сме на нивото што го посакуваме. Новоинфицираните ни се показател дека се уште вирусот кружи низ населението. Според податоците ние сме во зелена зона, но не сме се уште за симнување на маските, додаде Сали.