Претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација Александар Бастрикин нареди покренување кривична постапка против украинскиот лекар кој повикува на кастрација на заробените руски војници, соопштено е на каналот на Телеграм на овој комитет.
Претходно, шефот на украинскиот проект „Мобилна болница“, Генадиј Друзенко ја повика украинската телевизија на насилство врз заробените руски војници, а таква наредба им е „дадена на лекарите од мобилните болници“.
Според медиумите, тој наредил „да се кастрираат ранетите руски затвореници“.
„Им дадов инструкции на моите лекари. Отсекогаш сум бил голем хуманист и велев дека штом човек е повреден, тој веќе не е непријател, туку пациент. Но, сега е дадена многу строга наредба да се кастрираат сите луѓе, бидејќи тие не се луѓе, туку лебарки. Русите ќе умрат во многу голем број“, изјави украинскиот лекар.
Тој изјави дека ќе го паметат кошмарот на украинската земја, како што Германците го паметат Сталинград и додаде дека сите ќе одговорат.
THREAD
Translated Channel 24 videos depict Ukraine Mobile Hospital Head Gennady Druzenko apparently in his own words live stating he “gave strict ORDERS to CASTRATE all the WOUNDED" RUSSIANS "because they are COCKROACHES not humans”
We FUND these ALLIESpic.twitter.com/nyoTtddqz4
— Maajid أبو عمّار (@MaajidNawaz) March 21, 2022