Во делот со надлежностите со недела неработен ден, можеме да го контролираме работењето. Евидентиравме почитување и само првите две недели имавме мали недоразбирања. Наша надлежност е дали трговецот го пријавил работното време до Централниот регистар. Непријавувањето подлежи на казна. Тоа е една од начините да се утврди дека тие работат. Мора да пријавуваат постојано, вели директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Според неа, секое работење во недела мора да биде пропатено со известувањето до Државниот инспекторат за труд кои луѓе ќе бидат анагажирани во недела.
-Продавниците може да работат, но доколку продаваат и овошје и зеленчук во недела, тогаш тие мораат да бидат покриени. Пилјарите не можат да работат во недела, можеби е нелогично, но носител на предлог-законот е Министерството за економија. Сепак во недела е дозволена работа на зелените пазари и затоа може пилјарите не смеат да работат. Законодавецот одлучува дали ќе има измена на Законот. Мислам дека министерствата секогаш излегуваа во пресрет, информира Димоска.