Руската Влада: Нема потреба од паника, не се очекува недостаток на храна

од Nikola Popovski
263 прегледи

Руската влада вели дека нема потреба од паника поради достапноста на основните намирници.

„Целосно ги покриваме потребите за шеќер и хељда“, изјави вицепремиерката Викторија Абрамченко.

„Нема потреба од паника, нема потреба од складирање на дополнотелна роба. Има доволно за секого“, рече таа на владината седница, пренесе агенцијата Интерфакс, јавува Би-би-си.

Сепак, таа рече дека Русија годинава ќе ја зголеми површината на земјата што се користи за сеење шеќерна репка и леќата.

Абрамченко информира и дека досегашните санкции против Русија не даваат основа да се очекува недостиг на храна.

Таа рече дека Русија го проширува увозот од „пријателските земји“ со цел да ги гарантира залихите на млечни производи, овошје и зеленчук, месо и добиточна храна. Таа ги спомна поранешните советски соседи, како и Турција, Индија и Кина.

Санкциите ја намалија вредноста на рубљата, поскапувајќи ја увозната храна. Тие, исто така, ѝ отежнаа на Русија да ги користи меѓународните финансиски услуги.