Рендевски: Високиот степен на имунизација не штити толку добро како степенот на прележување на Ковид-19

од Nikola Popovski
265 прегледи

Заменик-министерот за здравство, Владимир Рендевски смета дека укинувањето на мерките добро е да се базира врз одредени параметри

-Се забележува дека високиот степен на имунизација веројатно не штити толку добро колку степенот на прележаност, односно оние што ја прележале болеста и биле пациенти од Ковид-19 имаат подолготраен и поголем имунитет во однос на вакцинираните кои не ја прележале болеста. Тоа дава една насока, пораст кај земјите. Јас верувам дека кај нас е висок степенот на прележаност на болеста, вели Рендевски во емисијата „Студио 10“.

Според него, вакцината е еден столб на подобрување на имунолошката состојба на едно население.

-Од исклучителна важност е караванот што почна вчера. Таргетот е насочен кон повозрасните пациенти, со придружни коморбидитети. Понатаму би се проширил и на останатото невакцинирано населние. Треба да се направи нова статистичка анализа, особено е важен морталитетот, појаснува Рендевски и додава дека кај населението недостасува довербата во здравствениот систем и процесот на вакцинација.

-Знаеме дека Југославија беше беспрекорна во поглед на вакцинација. Суштината е да се прават контакти и кампањи, не само за ковидот. Не е работата само да започнеме кампања. Намалена е довербата. Треба да се стави поголем акцент на тоа, оценува заменик-министерот.

Слични содржини