Советник на Путин поднесе оставка

од Nikola Popovski
174 прегледи

Официјален Кремљ потврди дека еден од советниците на Путин, Анатолиј Чубаис, поднел оставка.

Портпаролот Дмитриј Песков потврди дека Чубаис поднел оставка на негово барање, но одби да одговори на шпекулациите дека ја напуштил Русија.

Рускиот весник „Комерсант“ тврдеше дека Чубаис побегнал во Турција, по што објавија видео од сега поранешниот советник на Путин како подига пари од банкомат во Истанбул, пренесува дописникот на „Фајненшл тајмс“ на Твитер.