Поранешен тренер на Челзи обвинет за сексуално вознемирување

од Nikola Popovski
403 прегледи

Поранешниот тренер на Челзи, Израелецот Аврам Грант (66) се соочува со нови обвиненија за сексуално вознемирување, неколку недели откако неколку жени го обвинија дека ги принудувал на секс.

На почетокот на февруари, најмалку шест жени го обвинија 66-годишниот Грант дека се обидел да ги „допре и бакне“ против нивна волја и дека се обидел да ги принуди на секс. Меѓу жртвите има и поранешен војник, модел и спортски коментатор, на која ѝ испраќал бројни вознемирувачки СМС пораки.

Новите наводи доаѓаат од две различни жени и биле емитувани на израелската телевизија. Грант наводно испраќал непримерни фотографии и пораки на 18-годишна девојка додека нудел пари на друга жена за секс.

Неколку жени изјавиле и дека Грант им нудел помош на почетокот на нивните кариери, а потоа им давал несоодветни коментари и со години испраќал вознемирувачки пораки.

Грант ги негираше сите обвинувања, нагласувајќи дека неговите односи со жените „отсекогаш биле со почит и согласност“.

Израелецот во текот на кариерата тренираше бројни израелски клубови, Челзи, Портсмут, Вест Хем, беше на клупата на Партизан, селекциите на Израел и Гана …

Го водеше Челзи до финалето на Лигата на шампионите во 2008 година, кога Манчестер Јунајтед славеше по пенал рулетот.

Фото: Shutterstock

Слични содржини