318
Руската новинарка Оксана Баулина загина денеска при бомбардирањето на Киев, објави британски „Гардијан“.
Според информациите, таа го снимала уништувањето на еден трговски центар и загинала кога почнало гранатирањето.
Баулина работела за независна веб-страница во Русија, „Insider“, која главно се фокусирала на известување за корупција во руската влада.
При нападот уште едно лице загинало, две се повредени.