Американската амбасадорка во Скопје, Кејт Брнз, на конференција пред судиите денеска изјави дека македонските граѓани немаат доверба во судството. Повикувајќи се на анкетата на „Еуротинк“, дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството, таа изјави дека неопходно е да се врати довербата кај граѓаните за да видат дека системот функционира.
– Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Неодамнешната анкета на „Еуротинк“ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и во обвинителството. Има многу за работа, очигледно, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија, рече Брнз на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.