Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници

од Nikola Popovski
459 прегледи

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници.

При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници.

-Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, се вели во сооопштението од Град Скопје.

Слични содржини