Тројцата премиери кои го посетија Киев пред 10 дена, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, чешкиот премиер Петр Фијала и словенечкиот Јанез Јанша подготвија план од 10 чекори за запирање на руската агресија, а доколку тој план не стави крај на војната, Западот ќе почне активно ја брани Украина.
Прво, сите руски банки мора да бидат исфрлени од меѓународниот платен систем SWIFT, второ, Западот мора да подготви заедничка политика за давање азил на руските војници кои одбиваат да му служат на режимот во Москва и трето, мора да се запре руската пропаганда во Европа.
„Слободата на говор не значи право на лажење“, напиша полскиот премиер Моравјецки, кој денеска го претстави планот за „Политико“.
Моравјецки, Фијала и Јанша бараат да се блокира влезот на руските бродови во пристаништата на западните земји, а истата блокада да го опфати и патниот сообраќај кон и од Русија.
Планот предвидува проширување на санкциите не само на олигарсите, туку и на целото нивно деловно опкружување и суспендирање на визите за руските граѓани кои сакаат да се приклучат на ЕУ.
„Рускиот народ мора да разбере дека ќе ги сноси последиците од таа војна. И се надеваме дека ќе се одврати од Путин“, шорача Моравјецки во авторската статија за „Политико“.
Планот во последните три точки предвидува санкции против сите членови на руската партија Единствена Русија, забрана за извоз во Русија на сите технологии кои можат да се користат за водење војна и на крајот да се исклучи Русија од сите меѓународни организации.
„Не можеме да седнеме на иста маса со криминалците“, напиша Моравјецки.
На крајот полскиот премиер побара да се оди понатаму, доколку овие потези не вродат со плод, и да се испрати мировна мисија на НАТО и други меѓународни организации во Украина.
„Доколку не успееме да воведеме ефективни санкции, немаме избор, мора да го браниме украинскиот народ со сопствени штитови“, заклучи Моравјецки.