Вознемирувачко ВИДЕО од Харков: Бомба падна врз луѓе додека чекаа хуманитарна помош

од Nikola Popovski
409 прегледи

На Твитер е објавено вознемирувачко видео од Харков. Видеото го објави шефицата на Центарот за граѓански слободи, Олександра Матвичук.

„Гардијан“ пишува додека граѓаните стоеле во ред пред поштата во Харков и чекале да подигнат хуманитарна помош, врз нив паднала бомба. Додаваат дека локацијата на снимката е потврдена.

Претходно беше соопштено дека во нападот на руските сили врз Харков загинале четири лица, а тројца се повредени, но, се чини дека не станува збор за овој напад од снимката.

 

Слични содржини