Ружин: Дали Русија може да раководи со една „квинслишка“ Украина?

од Nikola Popovski
252 прегледи

Животно искуство во услови на криза е државите да се вртат кон сопствените интереси. Покажани се неколку степени на единство во смисла на санкции, помош, милијарди за да им се помогне на украинските борци, но од друга страна, се соочени со тоа што велат: „да не се претворат овие санкции во кои што ние повеќе ќе изгубиме отколку Русија“. Сите ние имаме висока стапка на зависност од рускиот гас. Во неколку наврати им беше кажано од Зеленски да преземат активности кои се опасни. Европјаните не сакаат да влезат во војна со Русија. Се поддржува Зеленски и Украина, меѓутоа на некои прашање се лизнува, затоа што е нуклеарна сила. Во оваа битка нема да има победник. Ова што се случува сега ќе има епилог во создавањето на новиот светски поредок, во кој што ќе се детерминира улогата на Русија, вели поранешниот амбасадор и дипломат, Нано Ружин во емисијата „Топ тема“.

Според него, треба да се размислува и што после епилогот.

-Што ќе се случи ако Русија се повлече од војната како губитник? Каков свет ќе очекуваме? Дали таа може да раководи со една квинслишка Украина? Дали ќе остане оваа фаза на изолираност? Новиот светски поредок не може да функционира со изолираност. Првпат во светот се руши еден мит за контрола на нуклеарното оружје, бидејќи Русите кажаа дека ќе употребат доколку бидат нападнати, но тоа е ептен трагедија, потенцира Ружин.

Слични содржини