Како и во текот на Втората светска војна и после неа, САД продолжуваат да имаат суштинска улога во европската безбедност и стабилност. Она што долг период САД го имаат како став е т.н. диверзификација на изворите на енергија во Европа и она што го најавува Бајден е продолжение на напорите Европа да се ослободи од европскиот гас, вели поранешниот амбасадор во САД и вицепремиер за ЕУ прашања, Васко Наумовски.
Според него, економските односи на ЕУ со Русија ќе се развиваа доколку не беше агресијата на Украина.
-Во поглед на санкциите,од таму државите не сакаат да бидат толку зависни од рускиот гас и да бидат комфортни во спроведувањето на своите одлуки. САД потајно секогаш ќе се надеваат на нестабилна Европа, затоа што стабилна Европа ќе ја загрози нивната улога во светот и глобалната улога. Секогаш САД имале конструктивна улога во одржување на стабилноста на Европа и сојузништвото. Руската агресија дополнително го зајакна трансатлантското партнерство, смета Наумовски во емисијата „Топ тема“.