Мицкоски: Македонија и Украина трпат агресија

од Nikola Popovski
226 прегледи

Лоша слика во Украина. Навистина ми е жал за луѓето од таму кои трпат разорувања. За мене како човек и интелектуалец, проблемите не треба да дозволиме да се решаваат со оружје и агресија, како што е сега. И нашата Македонија е предмет на агресија, но политичка. Никако да ги почнеме преговорите со ЕУ. Секогаш има некакви изговори и барања од овој мал и мирољубив народ, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата „Клик плус“.

Според него, граѓаните не се задоволни од политиките на актуелната влада.

-Граѓаните мислат дека се движиме во погрешен правец. И поддржувачите на СДСМ и ДУИ не се едногласни дека владата треба да остане. Ова создава внатрешна фрустрација, не е секојдневие она розево што доаѓа од Илинденска број 2, рече Мицкоски.