Путин потпиша закон: 15 години затвор за лажни информации за руската „операција“ во Украина

од Nikola Popovski
220 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот потпиша закон со кој се изрекува затворска казна до 15 години за објавување „лажни“ информации за какви било активности на Русија во странство, пренесува АФП.

Со ова се прошири претходниот закон, кој е подиректно поврзан со инвазијата на соседна Украина.

Предлог-законот, усвоен од рускиот парламент оваа недела, предвидува затворски казни и парични казни за луѓето кои намерно објавуваат „лажни информации“. Доколку лажните информации „предизвикаат тешки последици“, се заканува затворска казна до 15 години.