Ковачки: Спасовски сака да го донесе Законот за внатрешни работи без консултирање на опозицијата, ЕУ и ОБСЕ

од Nikola Popovski
186 прегледи

Со измените на Законот за внатрешни работи, во моменти на исклучителна геополитичка затегнатост и во моменти кога нацијата треба да биде сплотена, а безбедносниот сектор консолидиран и со зголемена будност, Оливер Спасовски и СДСМ законски го разградуваат Министерството за внатрешни работи,  преку унапредување на свои, партиски кадри дури со по 3 нивоа одеднаш, обвини пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Тој тврди дека предложените измени не се во согласност ниту со препораките од ГРЕКО на кои се повикува Спасовски.

Со овој Закон, рече Ковачки, Спасовски го уништува системот на кариера, односно правилниот развој на вработените во Министерството за внатрешни работи. Тоа би значело дека лице кое е примено вчера на работа, може да биде унапредено и да му стане претпоставен на лицето кое го примило на работа, односно на неговиот довчерашен шеф кој е со децениско искуство и поминати обуки.

Слични содржини