Во Киев од вечерва до понеделник наутро повторно ќе биде воведен полициски час, изјави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.
„Воената команда одлучи да го зголеми полицискиот час. Ќе трае од вечерва во 20.00 до понеделник до 7.00 часот“, изјави Кличко на социјалната мрежа Телеграм.
На 24 февруари руската армија започна инвазија на Украина.