Роналдо даде цело богатство за часовник кој ќе му одговара со автомобилот

од Nikola Popovski
425 прегледи

Иако повеќе не е на врвот на кариерата, Кристијано Роналдо заработува огромни суми на пари и не се двоуми да ги потроши на луксузни и скапи работи.

Овој пат тој реши да ја збогати својата скапоцена колекција на часовници и затоа даде огромна сума на пари.

Тој купил уникатен часовник Бугати кој плати неверојатни милиони долари, се со цел подобро да одговара на неговиот Бугати Чирон од 2,5 милиони долари.

Овој уникатен часовник е целосно персонализиран според желбите на Кристијан.

Боите на часовникот се усогласени со боите на неговиот автомобил, има 232 дијамантски багети и 109 црни сафири. Бројчаникот е изработен од кристали и всушност е реплика на моторот W16 на Чирон. Со притискање на копче, тие 16 клипови почнуваат да се движат нагоре и надолу. Логото на Роналдо CR7 е врежано на моделот, широко 55 и високо 20 милиметри.