276
Американскиот претседател Џо Бајден денеска на средба со полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека европската стабилност е многу важна за САД.
Тој потоа искористи уште една прилика да ја потврди својата поддршка за НАТО, особено членот 5, кој се однесува на колективната одбрана.
– Една од работите што му кажав на претседателот Дуда е дека во овој свет што се менува, неопходно е НАТО да остане апсолутно обединет, да нема поделба на мислењата за клучните точки и дека е неопходно што и да правиме, да работиме заедно, рече Бајден.
На крајот американскиот претседател порача дека НАТО треба да ги преземе сите бегалци од Украина и дека Полска треба да има значајна улога во тој процес.