271
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека политиката на Унгарија кон Русија „скапо ќе ја чини“ Будимпешта.
Тој посочи дека не го разбираат ставот на премиерот Виктор Орбан во однос на актуелната ситуација во Украина.
Полскиот лидер смета дека Орбан „се нашол во тешка позиција“ поради енергетската зависност на Будимпешта од Москва.
Дуда заклучил дека со тоа се соочиле и другите европски земји, но тоа не ги спречило да префрлат оружје во Киев.
Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта нема да дозволи испорака на оружје за Украина преку нејзина територија и покрај барањата на претседателот Владимир Зеленски, бидејќи тоа ќе ги загрози животот и безбедноста на Унгарците.