Лидерите на земјите-членки на НАТО од Југоисточна Европа во понеделник пристигнуваат во Софија на покана на бугарскиот премиер Кирил Петков, соопшти бугарската владина прес-служба.
На настанот ќе присуствуваат премиерите на Романија, Република Северна Македонија и Црна Гора – Николае Чука, Димитар Ковачевски и Здравко Кривокапиќ.
Дискусиите ќе се фокусираат на влијанието врз регионот од војната во Украина. Шефовите на влади ќе разменат мислења за безбедносните, енергетските и економските импликации на краток, долг и среден рок.
Во овој контекст, акцент ќе биде ставен и на зајакнување на координацијата и соработката во Југоисточна Европа за справување со заедничките предизвици.
По завршувањето на работните состаноци, учесниците на средбата ќе одржат брифинг за медиумите.