Сигурен сум дека светската потрошувачка инфлација ќе продолжи да расте, а инфлацијата на финансиските средствата ќе се движи со двојно поголема стапка, послабите валути ќе пропаднат, а најголемиот економски удар ќе го понесат граѓаните.Војната во Украина ги натера многу луѓе да почнат да користам криптовалути за да спасат барем дел од своите финансии, вели во разговор за „Локално“, крипто-експертот и портфолио стратегот, Дарко Симуновски.
Според него најдобро е да се инвестира во Биткоин и злато.
-Златото беше докажан чувар на вредноста и верувам дека и понатаму ќе биде. Моја препорака доколку сакате да поседувате злато најдобар начин е со купување на PAXG (токен што претставува вредност од 1 унца злато) што е достапно за секој што има пристап интернет.Најголема разлика меѓу овие 2 финансиски средства е што златото е чувар на вредност а Биткоин ви дава многу поголема вредност на иницијалниот влог и др можности како трансакции што се невозможни со злато, појаснува тој.
Крипто-пазарот расте во последниве неколку недели, Биткоинот денеска се тргува над 44.000 долари, што е за 10.000 повеќе отколку пред 1 месец. Иако цените растат на производите и инфлацијата се зголемува секаде во светот како последица на инвазијата на Русија на Украина, сепак што е тоа што ги става дигиталните средства во „зелено“?
Потрошувачката инфлација забрза на крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, како последица од затворање на цел свет скоро 2 години поради ковид кризата.Производството во светски рамки беше намалено и сите влади имаа поголеми трошоци и уште помалку прилив на пари во буџетот. Популистички мерки од типот приход за сите граѓани и помош на фирми (поради нивното бесправно затворање) и др нереални трошкови и немаа вистинско покритие.
Крипто пазарот имаше пад на почетокот од оваа година инициран од падот на берзите.На 23 јануари крипто маркетот стигна до најниско ниво од 1,7 трилиони долари, потоа на 24 февруари со почетокот на војната уште еден пад и во тој момент Биткоин се тргуваше за цена од скоро 35000 долари.Руската инвазија на Украина предизвикува уште поголем пораст на глобалните цени на храната од времето на Големата депресија, а агенцијата за храна на ОН прогнозира дека цените на храната може да се зголемат повеќе од 20% само оваа година.Русија и Украина се рангирани меѓу првите три светски извозници на храна.
Сигурен сум дека светската потрошувачка инфлација ќе продолжи да расте, а инфлацијата на финансиските средствата ќе се движи со двојно поголема стапка, послабите валути ќе пропаднат, а најголемиот економски удар ќе го понесат граѓаните.Војната во Украина ги натера многу луѓе да почнат да користат криптовалути за да спасат барем дел од своите финансии.Светската Крипто заедницата до денес има донирано повеќе од 60 милиони долари во криптовалути, а од др страна русите почнуваат интезивно да ги користат (децентрализирани финансии) де-фи платформи преку својот хот волет за да можат да ги задржат своите крипто средства.
Корисноста и употребата на крипто во реалниот свет го помина најголемиот тест до сега и се докажа дека се најдобро решение во секава околност.Финансиско средство што НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ОДЗЕМЕНО или КОНТРОЛИРАНО како Bitcoin ќе продолжи да биде најдобара опција и крипто маркетот ќе продолжи да расте без оглед на се.
Русија најави дека може да прима криптовалути (биткоин) во замена за нејзини енергенси, и со тоа се чини сака да „раскрсти“ целосно со еврото и доларот, откако претходно објави дека од непријателските земји ќе прима само рубљи во замена за нафта или гас. Дали ова може да се покаже како клучен момент за голем раст на крипто-пазарот и достигнување до „ATH“ (all-time-high)?
Со имплементацијата на договорот Бретон Вудс во 1944, а со тоа креацијата на новиот светски поредок ОН, НАТО, СТО, Светска банка и ММФ, САД го доби ексклузивно право америчкиот долар да стане светска резервна валута и со тоа моќта да го контролираат светскиот пазар.
САД заедно со ЕУ ја санкционира Русија и забранија употреба на СФИВТ системот односно можноста на банките да трансферираат средства надвор од Русија.Во оваа ситуација, очигледно дека Русија мора да користи Биткоин за наплата на енергенсите што ги продава.Секако дека употребата на Биткоин во една ваква ситуација ќе има додатно позитивен ефект врз цената на Биткоин и крипто маркетот во целина.Сеуште мислам дека 6 цифрата цена годинава е достижна, верувам дека ќе се надмине цената 100,000 долари за 1 Биткоин.
Како ќе влијае регулацијата на крипто-пазарот од страна на САД, нешто што неодамна го најави Бајден? Претседателот на ФЕД, Пауел вели дека криптовалутите веќе го дестабилизираат финансискиот пазар, но дали е тоа само начин за да се доведат тие под „нивна капа“ со тоа што ќе ги регулираат и нивното иницијално значење би ја загубила смислата, а тоа е целосна децентрализиација?
Како што е поставена економската политика во светот, единствено нешто што може да биде закана за доминација на америчкиот долар се криптовалутите и тие се свесни за таа закана, но исто така знаат дека тотална забрана ќе го забави прогресот на САД во примена на нови технологии и финансии.Сепак најголемиот нивни страв доаѓа од појавата на децентрализирани финансии и употребата на стабилни валути (stablecoins) кои имаат вредност еднаква на доларот.Верувам дека нивната идеја е да се забранат вакви токени и да се воспостават нивните нови дигитални долари.Се уште не се знае со сигурност какви нови регулативи ќе се воспостават за употреба криптовалути.Но, сепак без оглед на се, употребата на Де- Фи децентрализирани финансии не може никој да го запре, Де – Фи може секој да користи само со пристап на интернет. Децентрализиран блокчејн не може да биде контролиран од еден единтитет или група.
Биткоинот во САД се смета за заштита од инфлација под претпоставка дека фиат парите на крајот ќе се намалат во вредноста поради печатењето пари од тамошната централна банка. Дали според вас криптовалутите се заштита против инфлација?
Веќе од 1971 година, со излагањето од златниот стандард, фиат валутите немаат никаква реална поткрепа за вишокот на валути, издадени од централната банка.Сепак и самиот збор кажува се, односно Фиат значи Верба, што значи нивнта употреба е поради вербата на корисниците.Луѓето треба да разберат дека овој наследен Финансиски свет е заснован на долгови и неможе да функционира без креирање на нови долгови.Нема никаков сомнеж дека употребата на Биткоинот и други крипто средства се покажа како најдобар начин за заштита од инфлацијата на фиат валутите.
Доколку денес треба да инвестирате поголеми средства – биткоин или злато?
Добро е да се инвестира во Биткоин и Злато.Златото беше докажан чувар на вредноста и верувам дека и понатаму ќе биде. Моја препорака доколку сакате да поседувате злато најдобар начин е со купување на PAXG (токен што претставува вредност од 1 унца злато) што е достапно за секој што има пристап интернет.Најголема разлика меѓу овие 2 финансиски средства е што златото е чувар на вредност а Биткоин ви дава многу поголема вредност на иницијалниот влог и др можности како трансакции што се невозможни со злато.Биткоин е дефинитивно дигитално злато, поради неговите уникатни спецификации како тотално децентрализацирана валута.Сепак се движиме во прогресивна дигитализација и тоа ќе има позитивни и негативни ефекти во зависност дали е во раце на една централна структура на поединци или во децентрализиран блокчејн како Биткоин или Етериум.
Катар, Тајланд, Турција се дел од земјите кои велат „не“ на крипто. Лагард (ЕЦБ) се уште тврди дека тие се „закана“, Кина веќе поодамна води борба за да ги „искорени“, па дали, според вас можно е тие целосно да се забранат и во останатиот дел од светот?
Навистина ги разбирам сите високи претставници на банките ширум светот за нивната загриженост од појавата на новата еволуција на интернетот.Блокчејнот ја има таа можност на монетизирање на податоци без централна контрола, а тоа е спротивно на нивните верувања и политики.Со употреба на крипто секој си е своја банка.Секогаш ќе има држави што ќе забрануваат употреба на крипто и држави што ќе прифаќаат криптовалути како алтернативна платежна валута.Јас пишував на мојот сајт www.tokenpaddock.com за официјалниот извештај на светската адоптација на крипто средствата.Засега има само 9 држави (тоталитарни режими) во светот што имаат тотална забрана на крипто и 42 со делумна забрана, но сепак никој не може да ги забрани децентрализирани финансии за луѓето од целиот свет да можат да тргуваат криптовалути без никакви пречки.Исто така со развитокот на WEB3 таквите рестрикции со тек на време ќе се минимизираат.Се додека постои интернет ќе постојат и криптовалути.
Б.М.