Петровска: С.Македонија која е членка на НАТО е подготвена да го сподели товарот со останатите

од Берта Китинска
222 прегледи

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска изјави дека досега не е донесена одлука за испраќање на припадници на нашата Армија на територија на источниот блок на НАТО.

– Република Северна Македонија, која е членка на НАТО, е подготвена да го сподели товарот со останатите, но до овој момент немаме донесено конкретна одлука за тоа. Доколку донесеме, јавноста ќе биде информирана, изјави Петровска.