Ангелов: Во март имавме 140 пожари, граѓаните да не палат стрништа

од Nikola Popovski
252 прегледи

Оваа прес-конференција ја свикавме поради невообичаениот број на пожари на отворено и шумски пожари за овој период од годината. Само во март регистриравме 140 пожари, од кои неколку беа многу сериозни. Во Кратово изгореа 20 хектари даб и букова шума. Во Ресен имавме пожар кој навлезе во овоштарници и предизвика материјална штета. Причини се палењата на стрништата и меѓите, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-Ги повикувам граѓаните и ги потсетувам дека со закон е забрането ваквото дејство. Пожарот може многу брзо да прерасне во голем, додаде Ангелов.

Тој укажа дека при појава на пожари надлежноста е на општините и градоначалниците, како глави на општината и нивните територијални противпожарни единици.

-Откако би навлегол во шуми и национални паркови, во тој случај во гаснењето на пожарите треба да бидат вклучени и пожарникарски служби од јавните претпријатија кои стопанисуваат со оваа шума. Тоа е нивна законска обврска. Доколку и тоа не е доволно се организираат тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување. Овие тимови поседуваат и специјални возила со мали цистерни и можат да се по тешко проодни места, вели Ангелов меѓу другото, додавајќи дека противпожарните авиони на Дирекцијата за спасување треба да биде вратени од сервис во секое време.

-Имаме два функционални хеликоптери на Армија спремни за гаснење. Побарав од министерката уште еден или два хеликоптери да бидат вклучени доколку е потребно, информира Ангелов.

Слични содржини