Во текот на денешниот ден во светските медиуми се појавија лажни вести за наводно фаќање на српската државјанка Данијела Лазовиќ попозната како „снајперистката Багира“ од вооружените партии на Украина. Но, Министерството за внатрешни работи на Република Србија ги демантираше овие наводи, наведувајќи дека Лазовиќ веќе две години е во КПУ Пожаревац.
„Точно е дека Д.Л. на октомври 2020 година беше уапсена и оттогаш е во КПУ Пожаревац, на издржување на шестгодишна затворска казна, и никако не може да учествува во војната или да биде заробена во Украина. Исто така, посочуваме дека лицето од сликата објавена во медиумите не е Д.Л. односно „Багира“, се наведува во соопштението.
Претходно, бројни медиуми објавија информација за апсењето на Лазовиќ, која наводно ја потврдиле и украинските вооружени сили, пишувајќи на официјалниот профил на Твитер дека таа „убила украински затвореници во 2014 година“.
https://twitter.com/ArmedForcesUkr/status/1507453029104160770?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507453029104160770%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fmup-demantuje-svetke-medije-srpska-snajperistkinja-je-u-zatvoru-u-srbiji%2F
Во текстовите објавени од западните медиуми се наведува дека „Багира“ им се придружила на проруските сили како доброволец пред неколку години и дека сега е заробена од украинските војници. Лазовиќ е наводно обвинета за повеќе од 40 ликвидации на Украинци, а нејзините другари наводно ја оставиле сама и ранета на боиштето.
Според нивните тврдења, Лазовиќ бил снајперистка на 11-та дивизија за специјални операции.