„Со приклучувањето кон русофобичната хистерија, Скопје непромислено да го жртвува суверенитетот“

од Берта Китинска
361 прегледи

Русија подготвува воведување визи за државјани на земјите кои ги окарактеризира како „непријателски“.

-Во подготовка е декрет за возвратни мерки од визен карактер, кои ќе го ограничат влезот во Русија на граѓаните од непријателските земји“, кажа министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров.

Владата на Руската Федерација претходно одобри список на држави и територии кои „вршат непријателски акции против Русија, нејзините компании и граѓани“, пренесе ТАСС.

На таа листа се САД и Канада, државите од Европската Унија, Британија, Украина, Швајцарија, Македонија, Црна Гора, Албанија, Андора, Исланд, Лихтенштајн, Монако, Норвешка, Сан Марино, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија, Микронезија, Нов Зеланд, Сингапур и Тајван.

ТАСС претходно објави дека земјите и териториите од листата вовеле или се придружиле на санкциите против Русија.

Откако Македонија протера петмина руски дипломати од земјава, со реакција се огласи и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

-Овој акцентирано непријателски чекор е продолжување на курсот кон вртоглаво рушење на билатералните односи со Русија што пред неколку недели го зазедоа властите на Северна Македонија. Со приклучувањето кон русофобичната хистерија што ја почна Западот, Скопје уште еднаш ја потврди подготвеноста непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се во спротивност со расположението во јавноста и им противречат на коренитите национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки, реча Захарова.

Слични содржини