Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа ги повика синдикалните претставници да се вратат на преговарачката маса.
– Вратете се на преговарачка маса, протестите на улица не носат решение. Само да испочитуваме дијалог, преговори и ќе дојдеме до решение. Никој нема да биде оштетен, секој ќе добие тоа што заслужува – тоа го договоривме на Социјалниот совет.Владата се бори за достоинствени плати на граѓаните. Да се вратиме на маса. Ќе ги кажеме фактите, ќе ги согледаме ситуациите, сите сме разумни луѓе и на крај ќе најдеме решение. Ние се бориме за достоинствени плати, без или со репрезентативни и нерепрезентативни синдикати зашто веруваме дека секој во нашето општество заслужува достоинствени плати. Местото за да најдеме решение е на преговарачка маса и со секое ресорно министерство, рече Битиќи.