Албанците ќе добиваат 10 годишни визи за САД

од Milan1
266 прегледи

На 100-годишнината од воспоставувањето на американско-албанските односи, американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, најави продолжување на важноста на визите за албанските граѓани од 1 април. Валидноста за нова туристичка или деловна виза ќе биде продолжена од три, на 10 години. Причината е тоа што Албанците добро ги следеле правилата при посетата на САД. Амбасадорката додаде дека секоја година сè повеќе Албанци ги посетуваат САД, како што и сè повеќе Американци ја посетуваат Албанија.

„Почнувајќи од 1 април, валидноста за нова туристичка или деловна виза ќе биде продолжена од 3 на 10 години. Ова значи дека ако сте албански државјанин кој добил туристичка или деловна виза на 1 април или подоцна, вашата виза ќе важи 10, а не само 3 години. Ќе можете да патувате до и од Соединетите Држави според важечките закони и прописи без да мора да ја обновувате вашата виза до 2032 година“, изјави Јуриј Ким- Амбасадорка на САД во Албанија.

Слични содржини