Ниту на 34-тиот ден од руската инвазија на Украина ситуацијата не се смирува, а украинските и руските преговарачи завршија уште една средба на која ги кажаа условите за прекин на огнот. Страшните ситуации од таа земја никого не оставаат рамнодушен, па и Алекса Балашевиќ, синот на починатиот музичар Ѓорѓе Балашевиќ.
Алекса на своите социјални мрежи сподели фотографија од стиховите на неговиот татко кои ги одбележаа конфликтите во 1990-тите на Балканот, кои сега се појавија на бојното поле во Украина. Имено, тој добил фотографија од културно-уметничко друштво чии членови кренале транспарент со стиховите од позната песна на неговиот татко. Фотографијата е направена во Мирноград, град во областа Доњецк во Украина.
„Стиховите на татко ми на уште едно бојно поле. За жал во Украина!!“, напиша Алекса покрај фотографијата.
View this post on Instagram