Продолжува со хуманоста: Шон Пен се врати во Украина

од Nikola Popovski
673 прегледи

Оскаровецот Шон Пен (61) во понеделникот вечерта по 26 дена се врати во Украина. Причината за првата посета била снимањето на документарен филм за руската инвазија, а сега е во Л’вов поради хуманитарна помош.

Тој на Твитер објави дека повторно е во Украина каде им помага на бегалците. Пен на социјалните мрежа објави фотографија со гувернерот Максим Козитски.

Неговата добротворна организација работи на обезбедување сместување и образование за украинските бегалци во Полска.

Во пресрет на Оскарите, Пен се закани дека ќе ги уништи сите негови златни статуетки доколку Академијата не му дозволи на украинскиот претседател Володимир Зеленски да се обрати на церемонијата на доделување на наградите.

 

 

Слични содржини