Кадиров не се откажува: Треба да го заземеме Киев

од Nikola Popovski
239 прегледи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави кратко по веста за разговорите во Истанбул дека руските трупи имаат намера „радикално“ да ги намалат своите операции во Киев и Чернихив, дека руската „специјална операција“ не треба да се прекине, туку треба да се заврши тоа што е веќе започнато.

– Потребно е да се заврши започнатото, не треба да застанеме. Неопходно е да се влезе во Киев и да се заземе. Ако нас (чеченските борци) не оставеа во близина на Киев, убеден сум дека ќе влезевме во Киев и ќе воспоставевме ред таму. Повторно потврдуваме дека сме подготвени да одиме секаде и да извршиме секаква наредба од секаква сериозност, рече Кадиров во обраќањето на воениот митинг во Грозни, во кој очигледно се вратил еден ден откако пристигна во разурнатиот Мариупол каде што сè уште има борби со преостанатите украински сили во тој пристанишен град.

Слични содржини