Зеленски: Украинците не се наивни луѓе

од Nikola Popovski
296 прегледи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи на својот официјален Фејсбук профил по денешното продолжување на мировните преговори во Истанбул.

– Сигналите што ги слушаме од преговарачкиот терен може да се наречат позитивни. Но, овие сигнали не го спречуваат истрелувањето на руските гранати. Се разбира, ги гледаме сите ризици. Се разбира, не гледаме причина да веруваме во зборовите на кој било претставник на државата или на која било друга влада која продолжува да се бори за наше уништување. Украинците не се наивни луѓе. Украинците веќе научија во текот на овие 34 дена инвазија, како и во изминатите осум години од војната во Донбас, дека можат да веруваат само во конкретен резултат, кажа Зеленски.