По 20 години Македонија добива основни статистички податоци

од Берта Китинска
166 прегледи

По речиси 20 години денеска во Македонска филхармонија во Скопје ќе бидат презентирани најновите бројки од пописот на населението и домаќинствата, што беше спроведен во периодот од 5 септември до 30 септември минатата година.

– Среќен сум навистина што овој попис, кој го правиме по точно 20 години и покрај сите предизвици е темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество. Тоа за еден човек како мене, кој целиот свој работен век го поминал во различни аспекти на статистиката, е особено важно и затоа сум исклучително задоволен и од процесот и од исходот – изјави за МИА директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Настанот на кој ќе бидат презентирани резултатите од пописот, како што информираше Државниот завод за статистика, е поделен во два дела: Во првиот дел, со почеток од 11 часот, ќе бидат доделени благодарници на институциите што придонеле за успешното спроведување на „Попис 2021“, а во вториот дел, со почеток во 12 часот, ќе бидат објавени податоците.

Слични содржини