Омбудсманот ќе бара малолетничките во затворот „Идризово” да се преместат во друга установа

од Берта Китинска
256 прегледи

Народниот правобранител Насер Зибери реагира дека состојбата во затворите и понатаму катастрифална.

Тој го потенцираше проблемот со малолетничките упатени на издржување воспитно поправна мерка.

„ Казнено-поправниот дом Идризово не е соодветна установа за сместување на деца, од причина што нема услови за остварување на основната цел на упатувањето на издржување воспитно поправна мерка, а тоа е нивното превоспитување, како и услови за задолжително образование и воспитување, услови за активно користење на слободното време и сл. Од овие причини укажувам (веќе е отворен предмет) дека во наредниот период интензивно ќе се работи на изнаоѓање решение за преместување на женските деца упатени на издржување воспитна поправна мерка во друга соодветна установа, којашто ќе ги исполнува законските критериуми за успешно остварување на процесот на превоспитување, што претставува основна цел на упатувањето во воспитно-поправен дом,“ додаде Зибери.

Слични содржини