На предупредувачки протест пред Собранието и Владата излегува Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) за да го искаже незадоволство бидејќи досега не се усогласени платите со минималната плата.
Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста плата. Бараат да се покачи бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени. Доколку не се исполни ова нивно барање, раководството на синдикатот најави генерален штрајк.
Поддршка за протестот, КСС доби од повеќе грански синдикати, меѓу кои и од најбројниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК).
Протестот ќе почне пред Собранието од 15:30 часот до 16:30 часот по што ќе продолжи пред Владата.