Плаќањето на рускиот гас во рубљи нема да започне од 31. март, вели Песков

од Nikola Popovski
165 прегледи

Новиот механизам за плаќање на рускиот гас во рубљи нема да се применува од 31 март, како што беше претходно најавено, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не, апсолутно. Плаќањата и испораките се долг процес, рече Песков за новинарите, одговарајќи на прашањето дали упатството за развој на механизмот до 31 март значи дека новите правила ќе стапат на сила истиот ден.

Тој додаде дека ќе биде објавен механизмот на плаќање во рубљи за „непријателските земји“, како и дека има наредба на претседателот на државата што ќе се реализира, пренесува РИА Новости.

Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на 23 март објави дека ЕУ и другите земји кои воведоа санкции кон Русија ќе го платат природниот гас во рубљи за да престанат да користат долари, евра и други валути во пресметките.

Претходно беше соопштено дека рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од Кабинетот на министри, Централната банка и Гаспром за примената на инструкциите за промена на валутата при плаќањето за испорака на гас.

Слични содржини